Пејачот Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина беа вклучени во тешка сообраќајна несреќа на автопатот во близина на Генекс.
Нивното возило учествуваше во судир со автобус.
Снимките од местото на несреќата ги прикажуваат моментите кога пожарникарите ги извлекуваат Дарко и Катарина од смачканиот автомобил, додека двајцата се здобиле со тешки повреди и веднаш биле однесени во болница.
Според српски „Телеграф“, Дарко Лазиќ е задржан во Военомедицинската академија. Тој е подложен на тестови и компјутерска томографија на главата, бидејќи се пожалил на болки во главата и посекотини. Пејачот е комуникативен и разговара со полицијата, која е присутна во болницата.
Неговата сопруга Катарина е хоспитализирана во Земун, исто така страда од болки во главата и посекотини, но не е во истата болница како Дарко. Лекарите внимателно ја следат нивната состојба, а двајцата се под постојан надзор.
Само неколку часа пред несреќата, Дарко и Катарина уживале поминувајќи време со сестрата на Катарина, Тијана Матиќ, снаата на Дарко.
