Во голем пожар кој избувна вечерва во објекти на скопското Зелено пазарче, изгореа продавница и мал магацин, како и два автомобила паркирани во близина.
Огнот го изгаснаа скопските пожарникари, кои интервенираа со неколку возила.
Според првичните информации, нема повредени.
Пожарот предизвика вознемиреност кај жителите на центарот на главниот град, откако изминатите недели во Скопје се случија серија големи пожари.
Големиот облак од чад од Зеленото пазарче беше видлив од повеќе локации во центарот.
