Почина Трифун Талевски, доајен на македонското новинарство, кој целиот професионален живот го помина во Македонската радио-телевизија.
Како најдобар студент на генерацијата на Факултетот за политички науки во Белград, професионалната кариера најпрво ја започнува во Јутел, за подоцна, да премине во некогашната Радио-телевизија Скопје.
Во 80-те и 90 е новинар и уредник во Внатрешно-политичката редакција и уредник на Дневникот.
Автор и уредник е на емисијата „19.00“ што се емитуваше секој работен ден пред централниот дневник.
Потоа беше дел од уредничкиот колегиум во создавањето на дописната мрежа на МРТВ, а подоцна и уредник во Македонското радио.
Погребот ќе биде извршен во 12.00 часот на 29.09.2025 година (понеделник) на градските гробишта Бутел во Скопје.
