Тешка сообраќајка, три лица пренесени во болница

Вчера околу 19:50 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од бул.„Трета македонска ударна бригада“ и ул.„Перо Чичо“ во Куманово, Н.Ј.(27) од Куманово,

управувајќи мопед со кумановски регистарски ознаки, удрил во малолетничка од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од мопедот М.Л.Ј., а со телесни повреди се здобиле возачот и малолетничката, констатирани во Општа болница Куманово.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде