Автомобил излета од патот – има повредени

Автомобил излета од патот – има повредени

Во ОВР Прилеп вчера е пријавено дека на регионалниот пат с.Кривогаштани- Крушеани, патничко возило „дфск“ управувано од 16-годишник од с.Трновци, општина Могила, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 15-годишен сопатник од с.Бела Црква, општина Кривогаштани,

а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде