Вечерва сообраќајка – првични информации

Сообраќајна незгода се случи вечерва, нешто по 20:00 часот на улицата  „15-ти Корпус“, на пешачки премин во непосредна близина на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, објави Охрид прес.

Според првичните, неофицијални информации на порталот, во незгодата учествувало возило марка „Мазда“ со охридски регистерски таблички.

Според очевидци, во незгодата е повредено едно лице, кое било пренесено во охридската болница со возило на Итна помош.

Увид направи соодветна екипа на СВР Охрид, од каде се очекуваат повеќе детали за во текот на утрешнито ден. 

Извор: Охрид прес

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде