Што се случува? Доцна синоќа нов пожар во Скопје
Во двор од куќа на подрачјето на Гази Баба во Скопје настанал пожар во возило „Фолксваген Транзит“,
сопственост на 31-годишниот скопјанец С.К. Случајот бил пријавен денеска во Секторот за внатрешни работи – Скопје во 3:59 часот.
Од МВР информираат дека при инцидентот нема повредени лица, а пожарот бил локализиран од таткото на сопственикот.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР – Скопје.
