Страшно невреме беснее во делови од светот – најмалку 19 лица загинаа

Најмалку 19 лица загинаа, 13 се водат како исчезнати, а 88 се повредени при налет на тајфунот Буалој во Виетнам, објави виетнамското Министерство за земјоделство и животна средина.

Тајфунот го погоди северниот и централниот дел на Виетнам при што оштети над 105.000 куќи, од кои 79.000 во провинцијата Ха Тин и 20.000 домови во провинцијата Нге Ан, додека 3.400 куќи се поплавени.

Под вода е и голема земјоделска површина.

Премиерот на Виетнам, Фам Мин Чин потпиша официјална наредба, со која се повикува на итна акција за помош на луѓето погодени од разорувањето предизвикано од тајфунот Буалој и поплавите.

Тој ја потенцира потребата од поправка на уништените училишта и болници до 5 октомври, со цел да се обезбеди непречен пристап до образование и здравствена заштита.

Локалните власти се повикани да ја проценат штетата и да обезбедат средства за помош на погодените домаќинства, особено сиромашните семејства, ранливите групи и семејствата што примаат државна социјална помош.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде