УЖАС: Прегазен пешак, итно пренесен во болница

СВР Струмица информира дека синоќа во 20:30 часот на крстосницата од улиците „Младинска“ и „Панче Пешев“ во Струмица,

патничко возило „Mercedes“ со струмички регистарски ознаки, управувано од П.Т. (66) од Струмица, удрило во пешакот К.Б. (82) од Струмица.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во струмичката болница.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде