Убава вест: Овие граѓани да си ги проверат сметките – денеска е извршена исплата

Пензионерите од денес со покачени пензии – за некои олеснување, за други само капка во морето.

Новиот месец донесе зголемување од 1.000 денари на пензиите, но животот се уште не им станува полесен.

Додека дел од пензионерите велат дека секоја дополнителна сума значи, други сметаат дека покачувањето не е доволно за да ги покрие постојано растечките трошоци.

Но, и едните и други сепак, се согласни – цените во маркетите оган скапи, а пензијата едвај стигнува до крајот на месецот.

Во согласност со ситуацијата, пензионерите и овој месец ги добија ветените 1000 денари, а уште толку се очекува да имаат и во март следната 2026 година. Вкупно со претходните досега тие сега имаат покачување од 6000 денари, а во март целосното покачување ќе бележи 7000 денари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде