Вчера на автопатот „Гоце Делчев“, во атарот на селото Сушица, општина Петровец, се случила сообраќајна несреќа.
Патничко возило „Рено Клио“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 29-годишната Л.Ш. од Велес, излетало надвор од коловозот.
Според информациите од МВР, Л.Ш. се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Од МВР информираат дека извршен е увид.
