По долго и тешко боледување денес почина познатиот фолк пејач Томе Василевски – Кубата, човекот кој зад себе остави големи хитови и силна музичка трага.
Василевски е запаметен како прв пејач на групата „Молика“, а подоцна и како фронтмен на групата „Бон Тон“, со која ги испеа некои од најпознатите песни на македонската естрада.
Еден од неговите најголеми хитови е песната „Прости ми“, која и денес се слуша и препејува.
Колегите и пријателите од музичката сцена со тага се простуваат од него, потсетувајќи дека со Кубата заминува еден од најкарактеристичните и најпрепознатливи гласови во македонската фолк музика.
Освен по музиката, Влашевски во Битола беше познат и како долгогодишен наставник по физичко образование во Основното училиште „Коле Канински“, професија која ја работел во текот на целиот свој работен век по дипломирањето на Факултетот за физичка култура во Скопје.
Во младоста, тој бил и успешен спортист, тренирал атлетика и бил првак на Македонија во јуниорска конкуренција.
