Првите обилни снежни врнежи оваа есен предизвикаа проблеми во сообраќајот.
На регионалниот пат Никфорово-Леуново-Бунец од 23:20 часот, сообраќајот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловоз, извести АМСМ.
Се интервенира за негово расчистување.
Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, и утре времето ќе остане студено и нестабилно.
Дожд ќе има во поголем дел од земјата, а на планините и дел од повисоките региони се очекува нов снег.
