Познати нови детали за убиениот Македонец во Словенија

Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана информира дека добила известување од словенечката полиција дека во текот на ноќта на 2 октомври 2025 година, животот го загубил македонски државјанин, роден во 1986 година во Кочани.

Согласно информациите од словенечката полиција, блиските на починатиот се веќе известени, а случајот го разгледува Секторот за криминалистичка полиција.

Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана извести дека е во контакт со семејството на починатиот и со надлежните словенечки институции,

со цел обезбедување на потребната конзуларна поддршка и следење на понатамошниот тек на постапката.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде