Нови детали за пукањето во Куманово

МВР информираше дека денеска во 13:54 часот на ул. „11-ти Октомври“ во Куманово, непознато лице пукало во автомобил марка „голф“

управуван од Зекирија Шаини (1982 година) од с. Слупчане, носител на листа за ДУИ – општина Липково, а актуелен претседател на Советот на општината.

Шаини, кој е вработен на скопската Клиника за пулмологија, има повреди во ногата и раката и е пренесен во Клинички центар – Скопје.

Се трага по сторителот или сторителите и се работи на расчистување на случајот, известија од МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде