Славчо Попоски најавува нов ладен бран и снег – ЕВЕ КОГА

Под влијание на релативно ладен бран кој се спуштат од север, денес  и утре (7/8 октомври) во нашата Република Македонија ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 65 км/час).

И во Скопје  и околината ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец, во делови од котлината повремено со брзина од над 65 км/час.

Времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд а на планините со надморска височина од над 1600 метри ќе има повремен снег.

И во Скопје и околината ќе има услови за повремен локален дожд а на околните високи планини ќе има услови за провејување на снег.

Славчо Попоски вечерва објави:

Зима во октомври по се изгледа ни следува и следната седмица со нов ладен бран на Балканот кога расте опцијата за нов зимски циклон и за нов снег.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде