Денеска на експресниот пат кај Подлог се случи страотна сообраќајна несреќа, објави Телевизија Кочани.
Телевизија Кочани неофицијално дознава дека во едното возило се превезувале работници од кои тројца се со полесни повреди, а еден поради сериозните повреди е пратен во болница каде им подлегнал на повредите.
На местото на настанот пристигна Јавен обвинител и се утврдуваат причини за сообраќајната несреќа.
Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.
Извор: Телевизија Кочани
