ТРАГЕДИЈА: Млад Македонец загина во Србија

Истрагата за експлозијата во која загина државјанинот Македонија ја води Вишото јавно обвинителство во Белград!

Државјанинот на Македонија, Мартин Сипковски (21), инаку манекен по професија, загина минатата недела во експлозија во стан на улицата Косовска, во центарот на Белград, пишува српски „Kurir“.

Во Вишото јавно обвинителство во Белград, по повод експлозијата во која животот го загуби Сипковски, бил сослушан и Филип В. (26), осомничен дека на 30 септември неовластено набавил, а потоа и предал експлозивен материјал „пентрит“ на државјанинот на Македонија, токму на аголот меѓу улиците Косовска и Нушиќева.

Според досегашната истрага, Мартин Сипковски следниот ден, на 1 октомври околу 21:45 часот, при невешто ракување со експлозивот го активирал и загинал на самото место.

„По извршената обдукција беше потврдено дека загинатиот е Мартин Сипковски, државјанин на Македонија, кој според неофицијални информации немал никакво криминално досие.

Засега не е познато како се нашол во кругови поврзани со организиран криминал, со оглед на тоа што, според зборовите на неговите познаници, бил успешен манекен кој се пробил на турскиот пазар и имал забележителни успеси на модните писти“, навел изворот и додал:

„Сите се во шок, бидејќи експлозивната направа, наводно, била подготвувана за ликвидација на маж со криминално досие, кој се поврзува и со навивачки групи“.

Како што претходно објавуваа македонските медиуми, загинатиот Мартин имал забележителна кариера на модната сцена.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде