Македонија утрово ја разбуди тажна вест – почина познатиот политичар Панчо Минов.
Роднините и пријателите во тага и неверување ја примија веста за смртта на Минов.
Меѓу првите кои изрази сочуство беше Оливер Спасовски.
„Со тага ја примив веста за смртта на Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци, пратеник и уважен човек.
Ќе го паметиме по неговата посветеност и човечност. Сочувство до семејството и сите негови пријатели.
Нека Господ му подари вечен мир, а на неговите најблиски утеха и сила.“, напиша Оливер Спасовски.
