Скопје Инфо објави за полициска акција во Скопје.
Според неофицијални информации, спроведена е голема полициска акција за разбивање на организирана мрежа за трговија со дрога, која се спроведува на подрачјето на Ѓорче Петров.
Првичните унформации укажуваат дека станува збор за разбивање на скопска група.
Oд Министерството за внатрешни работи потврдија дека акцијата е во тек и се спроведува во координација со обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).
„Во координација со предметниот обвинител, единици од МВР вршат претреси на повеќе локации низ Скопје.
Со оглед дека акцијата сè уште трае, повеќе информации ќе бидат споделени во текот на утрешниот ден,“ соопштија од МВР за Скопје1.мк
