Извадил пиштол на својот брат – Избегната голема семејна трагедија

Во Тетово се случи семејна кавга која заврши со сериозни закани по живот.

Според полицијата, 67-годишниот Ш.Х. од Тетово на 23 април годинава започнал жестока расправија со својот брат во дворот од семејната куќа.

Во еден момент, тој извадил пиштол и упатил сериозни закани кон братот.

Случајот веднаш бил пријавен во полиција, а против осомничениот е поднесена кривична пријава за „загрозување на сигурноста“ и „неовластено држење и тргување со оружје“.

Случајот е проследен до надлежното обвинителство, а полицијата презеде сите соодветни мерки.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде