Швајцарскиот државјанин Рафаел С. (роден 1987) година, влезен во Македонија со швајцарска патна исправа на 1-ви октомври со лет од Цирих и женско лице со идентитет Вивиан С.Х. (родена 1985 година) која влегла во Македонија на 1-ви месецов со лет од Цирих се двете лица кои вчера го поставиле сомнителниот празен куфер на плоштадот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, објави Курир.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), на видеонадзорот биле забележани две лица кои го разгледувале просторот, при што едно од нив оставило куфер.
Веднаш по добиената пријава, надлежните служби презеле соодветни мерки и активности.
На снимките се забележани две лица кои го разгледуваат просторот, при што едно од нив остава куфер. Веднаш по добиената пријава, надлежните служби презеле соодветни мерки и активности.
Како што пишува Курир, швајцарскиот државјанин Рафаел С. (роден 1987) година, влезен во Македонија со швајцарска патна исправа на 1-ви октомври со лет од Цирих и женско лице со идентитет Вивиан С.Х. (родена 1985 година) која влегла во Македонија на 1-ви месецов со лет од Цирих се двете лица кои се на снимката.
