Земјотрес со јачина од 7,6 степени го погоди Дрејковиот премин, воден појас сместен помеѓу јужниот врв на Јужна Америка и Антарктикот,
а нешто повеќе од еден час подоцна властите ги повлекоа предупредувањата за цунами.
Земјотресот бил на длабочина од 10 км, соопшти Американскиот геолошки завод. Се случил непосредно пред 17:30 часот по локално време (22:30 часот по македонско време).
Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами издаде предупредување за цунами, но подоцна го повлече предупредувањето, како и поморската администрација на Чиле, SHOA, која исто така издаде претпазливо предупредување за цунами за антарктичката територија на земјата.
