Јас верувам дека патриотизам е да го обединиш народот околу заедничка цел, да водиш политика на заштита на луѓето, да подадеш рака на најслабите и да им се спротиставиш на моќните, порача претседателот на Социјалдемокртаскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, од митигнот во Струмица.
Во обраќањето пред струмичани, Филипче посочи дека институциите мора да им служат на граѓаните и дека верува оти само со правилни политики Македонија може да напредува.
„Јас верувам во институции што служат на народот и затоа верувам во реформи, а не политикантство. Јас верувам во Македонија што оди напред, а не се враќа назад во реваншизам и конфликти“, рече Филипче.
Тој додаде дека во неговите ставови не е сам, туку зад него стои целиот Социјалдемократски сојуз на Македонија.
На митингот во Струмица беше присутен и поранешниот премиер Зоран Заев.
