ВОНРЕДНА ВЕСТ: Возило излета од патот, младо момче го загуби животот

Возач починал на самото место откако излетал со својот фолскваген голф на патот меѓу гостиварско Чегране и Корито, информира Министерството за внатрешни работи.

Се работи за 26-годишниот Л.М. од гостиварското село Форино.

Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Увидната екипа на ОВР Гостивар извршила детална истрага на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител.

Телото на починатиот, по наредба на обвинителот, е дадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде