ТРАГЕДИЈА: Почина Панчо од ДНК

Трагедијата во Пулс ја зеде и својата 64-та жртва. Владимир Блажев – Панчо од дуото ДНК денеска им подлегна на повредите.

Панчо утрината по трагедијата во Кочани беше пренесен на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.

Неговата сестра тогаш информираше медиуми дека тој се здобил со повреди на лицето и рацете, но дека неговата состојба не била животозагрозувачка.

Наскоро потоа, Панчо беше преместен во приватна здравствена установа во Скопје, каде што продолжи со третманот.

Во текот на изминатите неколку месеци таму му беа извршени повеќе хируршки интервенции.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде