Сопругата на Панчо се огласи – открива што се случувало во болницата

Од болницата Систина, каде што Владимир Блажев Панчо беше на 7-месечно болничко лекување, се простија од музичарот со емотивна објава.

„Почивај во мир, драг наш Панчо…

Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета…

Нема зборови за утеха за твоите два ангела Марјан и Андреја и за твојата Маја…

Нема зборови што можат да ги запрат солзите на нашите доктори, сестри, болничари кои беа 24 часа со тебе …

Целата болница, заедно со тебе и твоето семејство се боревме и верувавме…“, пишува во објавата на болницата

Под објавата свој коментар остави и сопругата на Панчо.

„Вие бевте тие кои ми дадовте седум месеци можност да се гушкам и зборам се’ што не си кажавме цел живот.

Ви благодарам за секоја секунда посветена од сите вас како болница која ми станавте и втор дом изминатиов период. Нема зборови и нема утеха, а знам дека сте и вие скршени од болка“, напиша таа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде