Тешка сообраќајна несреќа – има повредени

Во СВР Штип е пријавено дека на експресниот пат Три Чешми-Штип се случи сообраќајна несреќа помеѓу

возило „фолксваген голф“ управувано од Д.Е.(44) од Кратово и возило „опел“ управувано од В.Б.(32) од Р. Турција, со привремен престој во Скопје.

Во несреќата со повреди се здобиле возачот В.Б. и неговите сопатници Ф.А.(27) од с.Долно Коњари и Б.Б.(30) од с.Средно Коњари, општина Петровец, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Штип.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде