Трагедија: Маж пронајден починат, телото дадено на обдукција

Вчера утрината во скопската полиција било пријавено дека во куќа во скопското село Ракотници бил пронајден починат 59-годишен маж од Скопје.

Како што е наведено во полицискиот билтен, вчера (14.10.2025) во 08:57 часот во СВР Скопје е пријавено дека во куќа во с.Ракотинци, скопско е пронајден починат П.П.(59) од Скопје.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство,

а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде