Нов, брутален инцидент на насилство го потресе Скопје.
21-годишен маж бил дивјачки нападнат и избоден со нож во дворот на основно училиште во селото Света Петка, во уште еден застрашувачки пример на ескалација на насилството кое сè почесто се случува на јавни простори кои треба да бидат најбезбедни.
Според полицискиот извештај, хоророт се случил вчеравечер околу 21 часот. 21-годишниот Ф.Љ. бил физички нападнат од две лица, И.Р. и М.Р.
Нападот бил исклучително брутален – едниот напаѓач користел метален предмет (шипка), додека другиот со остар предмет (нож) му нанел убодни рани на жртвата.
По нападот, сторителите побегнале, а полицијата трага по нив и најавува соодветна пријава по расчистување на случајот.
