Дете настрада во сообраќајка – се судрил со повозрасен возач

Дете е тешко повредено откако со електричен тротинет се судрило со возило управувано од повозрасен возач. 

– На 15.10.2025 во 17:28 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Благојче Силјановски“ во Битола се

случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(76) од Демир Хисар и електричен тротинет, управуван од 13-годишник од Битола, известија од полицијата. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде