Тажна вест утрово го разбуди светот: Почина легендарниот музичар

Познатиот гитарист Ејс Фрејли, кој е еден од основачите на познатата американска рок група „Кис“, почина на 74-годишна возраст како последица од пад во неговото студио.

Фрејли имал несреќа пред неколку недели откако паднал во студиот, а вчера бил хоспитализиран откако му се влошила состојбата и починал од крвавење на мозокот.

Фрејли беше познат на сцената како Спејсмен од времето кога „Кис“ го основаше заедно со Пол Стенли, Питер Крис и Џин Симонс во 1973 година.

„Фрејли беше суштински и незаменлив рок-војник за време на фундаменталните поглавја од историјата на бендот. Тој секогаш ќе биде дел од наследството на ‘Кис‘“, кажаа Симонс и Стенли во заедничко соопштение.

Фрејли беше во групата од 1973 до 1982 и потоа одново од 1996 до 2002 година. Често во тие години свиреше гитара која испушташе чад, а за ова време сними десет албуми со групата. Лани го објави својот осми соло албум.

Фрејли беше примен во Рокенрол куќата на славните како еден од основачите на „Кис“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде