Тони Михајловски: И времето на СДСМ беше лошо, но ова е најлошо

Актерот Тони Михајловски неодамна беше гостин во „Претрес со Ландов”. Покрај другото тој говореше и за состојбите во културата.

Според него, најлош министер до сега бил Ештреф Алиу, а најдобар Слободан Унковски.

Сепак, посочува, актуелниот министер Зоран Љутков ќе го надмине и најлошиот.

„Тоа е министерот за култура, актер, кој доби 800 тужби од своите колеги актери, затоа он е јаден, тој е послушник, после им ја намали платата на колегите.

Сам си пукаше во нога. Заробеник е на луѓе во Министерството. И времето на СДСМ беше лошо, но ова е најлошо”, вели Михајловски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде