Тешка сообраќајна несреќа – две лица итно пренесени во болница

Две млади жени се повредени во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Дебар-Струга. 

Вчера во 15:45 часот во ОВР Дебар е пријавено дека на регионалниот пат Дебар-Струга, во близина на место викано „Сушара“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки,

управувано од 31-годишната Г.В. од Битола и патничко возило „опел“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од 23-годишната Ф.К. од Дебар.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „опел“ со дебарски регистарски ознаки, А.У.(21) од Дебар, додека со телесни повреди се здобила Ф.К., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, соопштија од полицијата. 

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Дебар.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде