Едно лице загина откако силни ветрови го погодија регионот Вал д’Оаз северно од Париз, објави тамошната префектура во понеделник вечерта.
Префектурата Вал д’Оаз соопшти дека едно лице починало, четворица се во критична состојба, а петмина се полесно повредени.
Се наведува дека ветерот соборил електрични столбови и однел покриви.
Според префектурата, мобилизирани се осумдесет пожарникари, 50 полицајци и 20 лица од итна медицинска помош.
