Полицијата на нозе: Исчезна 13-годишно девојче

На 23 октомври 2025 година, во 00:30 часот, во Полициската станица Кочани беше пријавено исчезнување на малолетна девојка. М.Ф. (43) од Кочани пријави дека нејзината ќерка, М.Ф. (13), се оддалечила од домот и од тогаш се води како исчезнато лице.

Полицијата веднаш презема интензивни мерки за пронаоѓање на девојчето, вклучувајќи пребарување на терен,

контакти со блиските и социјални мрежи, со цел што побрзо да се обезбеди нејзината безбедност и враќање дома.

Јавноста е повикана да помогне со информации доколку имаат знаење за нејзината локација или било какви сознанија што би помогнале во истрагата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде