Никола Груевски го честиташе денешниот празник – Денот на македонската револуционерна борба.
„Честит 23 Октомври, денот на македонската револуционерна борба.
Тогаш во 1893 година, по повеќе меѓусебни дискусии и сондирање на теренот е донесена одлука од шестмина храбри визионери и интелектуалци за основање на македонска револуционерна организација.
Тоа е време кога Македонија е многу сиромашна и обесправена провинција на османсликата империја и средиште на борбата на пропагандите за асимилација на соседните земји кои веќе или имаат статус на силна автономија многу блиска до независност, или се веќе независни држави.
Вечно да се слави празникот низ годините, децениите и столетијата пред нас во една слободна, суверена, економски силна и успешна Македонија која секогаш ќе го наоѓа својот пат до успехот низ предизвиците кои ќе ги донесе иднината.“
Груевски за неколку часа откако го објави постот собра над 11.000 реакции.
