Музичарот Иван Ивица Винковиќ почина на 76-годишна возраст, потврди Музичката продукција на BHRT, каде што тој некогаш бил активен член.
Со тага ја примивме веста дека нè напушти Ивица Винковиќ, бас-гитарист и поранешен член на нашиот колектив. Винковиќ беше дел од Забавниот оркестар на РТВ Сараево.
Во својата долга и плодна кариера настапуваше со бројни музичари и состави, а особено се издвојува неговиот ангажман во групата Јутро, од која подоцна произлезе легендарното Бијело дугме, како и во прочуениот состав Амбасадори.
Тој беше и член на Sarajevo Big Band. Со почит го чуваме споменот на него,“ се наведува во објавата на BHRT.
Винковиќ ја почнал својата музичка кариера во бендот „Феникси“, еден од првите поп-состави на овие простори, а подоцна станал дел од култните „Амбасадори“.
Во текот на својата кариера соработувал и со групите „Бијело дугме“ и „Индекси“, а за време на осумдесеттите години на минатиот век свирел на бројни албуми на познатите музичари од регионот.
