ТАЖНА ВЕСТ: Почина Дарко Голубовски – Кнеле, близок пријател на Раде Штекли

На 43 годишна возраст почина Дарко Голубовски, во јавноста познат како Кнеле и пријател на Раде Штекли, објави Hype Tv.

Тој беше контроверзна фигура во македонската јавност, познат по своето учество во криминални кругови и медиумски настапи.

Во февруари 2025 година, беше уапсен со 4,5 килограми кокаин, како дел од групата на Раде Трајковски – Штекли.

Покрај тоа, Кнеле беше познат по неговата здравствена состојба, бидејќи пред неколку години му беше пресадено вештачко срце.

Во јавноста, Кнеле беше препознатлив по своето појавување во спотот за песната „Алал Вера“ на Слаткаристика и како гостин во подкастот на Стефан Лазаров, каде зборуваше за својот живот и пријателството со Штекли.

Во моментот, нема официјални информации за причината за неговата смрт.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде