Тажна вест: Почина Зоран, советник од ВМРО-ДПМНЕ

Денес на 47-годишна возраст, по долго боледување, починал Зоран Петковски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Битола.

Петковски неодамна, на локалните избори одржани во неделата, бил реизбран за втор мандат како советник. Познат бил по својата активност во заедницата и како долгогодишен член на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ и Општина Битола изразија сочувство до неговото семејство, пријатели и колеги.

Погребот ќе биде организиран во наредните денови, а точниот термин ќе биде дополнително објавен.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде