Тешка сообраќајна несреќа: Четирицикл излетал од патот

На 25 октомври 2025 година околу 18:00 часот, на локалниот пат село Волино – село Ливада, општина Дебрца,

55-годишниот В.Л. од Охрид изгубил контрола над својот четирицикл „Поларис“ со охридски регистарски ознаки и излетал надвор од патот.

Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му била констатирана сериозна повреда.

На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид за утврдување на околностите на несреќата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде