Доцна синоќа пукање во Скопје – полицијата со детали

Доцна синоќа пукање во Скопје – полицијата со детали

На 26.10.2025 околу 20 часот на ул.„Дижонска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.Т.(30) од Скопје.

Околу 19:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Чаир се слуша пукање, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности и од слобода е лишен Р.Т., кој бил затекнат со пиштолот.

„По документирање на случајот, против Р.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава по чл.396 од КЗ.“, велат од МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде