Вистинска драма се одвивала утрово во скопската населба Капиштец, кога големо дрво паднало во непосредна близина на Основното општинско училиште „Киро Глигоров“, објави Инфомакс.
Според очевидци инцидентот се случил на главниот влез, патека која ја користат ученици, наставници и вработени во училиштето.
За среќа никој не е повреден.
