Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.
Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Максималните дневни температури низ државата ќе се движат од 11 до 19 степени Целзиусови.
Во Скопје, променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец, а максималната дневна температура ќе достигне до 16 степени Целзиусови.
Утре наутро времето ќе биде претежно ведро и постудено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Дневните температури ќе се движат од 14 до 20 Целзиусови степени.
