Две лица повредени во сообраќајка во Кавадарци.
– На 27.10.2025 во 11:20 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на ул.„Шишка“ во Кавадарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки,
управувано од З.Д.(59) и патничко возило „фолксваген фокс“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од В.Р.(45), двајцата од Кавадарци.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.Д., а со телесни повреди се здобил В.Р., констатирани во Општа болница Кавадарци, информираа од полицијата во денешниот полициски билтен.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.
