Утрото постудено со услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.
Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време со постудени утра, а дневната температура ќе биде во пораст, особено во деновите од викендот.
Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла.
Во понеделник кон крајот на денот повторно се очекуваат врнежи од дожд кои најрво ќе ги има во западните делови, а потоа во вторник и среда ќе се прошират на територија на цела држава. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, најавуваат од УХМР.
