Полицијата во акција – претреси и апсење на неколку локации

Во текот на ноќта на 28/29 октомври 2025 година, скопската полиција спроведе координирана акција на неколку локации во градот, при што се лишени од слобода три лица – Б.У. (43), Ф.М. (46) и Х.И. (19), сите од Скопје.

Според информациите од МВР, кај приведените биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана.

Полицијата засега не открива детали за количината и намената на дрогата, но потврдува дека предметите се испратени на вештачење.

По целосно документирање на случаите, против тројцата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Акцијата, е дел од засилените контроли во борбата против уличната продажба на дрога во главниот град.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде