Се судрија „сеат“ и „шкода“ – има повредени

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Прилеп. 

– На 29.10.2025 во 11:10 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосницата од бул. „Гоце Делчев” и ул. „Архиепископ Доситеј” во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со битолски регистарски ознаки,

управувано од П.А.(58) од Битола и патничко возило „сеат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ.(71) од Прилеп, соопштија од полицијата. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Ѓ., додека со телесни повреди се здобиле П.А. и неговата сопатничка К.П.(38) од Прилеп, констатирани во Општата болница во Прилеп.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде