МВР информира дека вчера наутро околу 09:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „16 Македонска бригада“ во Скопје,
патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(26) од Скопје, удрило во 76-годишната М.Г. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Г., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
