Денеска почина уште еден од осудените за настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија.
Веста за неговата смрт ја објавија негови соборци на социјалните мрежи, изразувајќи длабока жал и незадоволство од односот на институциите.
Според објавите, станува збор за трет починат од групата осудени за тој настан, познат како „Крвав четврток“.
Во пораките објавени на интернет се истакнува дека починатиот ќе остане запаметен како „родољуб, патриот и храбар Македонец“.
